Повик за масовни демонстрации во Египет

Каиро, 22 ноември 2011 (МИА) - Египетските активисти повикаа на масовни демонстрации, откако 35 лица се убиени, а повеќе од илјада се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Каиро изминатите три дена.

Неколку илјади лица ја минаа ноќа на плоштадот Тахрир, откако египетската Влада синоќа соопшти дека поднесува оставка.

Владиниот портпарол, Мохамед Хегази изјави дека Владата ја поднела својата оставка до Врховниот совет на вооружените сили, но дека таа ќе продолжи да ги извршува своите задачи се додека нејзината оставка не биде прифатена поради „сериозноста на ситуацијата во земјата“.

Се проценува дека околу 20 илјади лица се собрале на плоштадот Тахрир, откако синоќа Владата соопшти дека поднесува оставка.

Врховниот воен совет се уште не се изјаснил дали ја прифаќа оставката, иако телевизијата Ал Џазира повикувајќи се на свои извори јави дека е прифатена оставката на кабинетот на премиерот Есам Шарах.

До судирите на улиците на Каиро дојде поради одолговлекувањето на воените власти, кои го презедоа управувањето со земјата по соборување на режимот на Хосни Мубарак, да ги предадат овластувањата на цивилните власти. Првиот круг од парламентарните избори е закажан за 28 ноември, а вториот за март 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...