НАТО не размислува за интервенција во Сирија и во Иран

Берлин, 25 јануари 2012 (МИА) - Северноатлантската алијанса воопшто не размислува за можноста да интервенира во Сирија и во Иран, изјави синоќа врховниот командант на НАТО силите во Ервопа, адмирал Џејмс Стравридис, по тврдењата на Русија оти Алијансата работи на тие планови.

Ставридис истакна дека НАТО ништо не планира за Сирија, не изработува детални анализи, туку само ја набљудува ситуацијата.

- Пред НАТО воопшто да почне да размислува за некој ангажман, претходно треба некои потези да бидат повлечени од Обединетите нации и Арапската лига. Засега не гледам дека работите одат во таа насока, така што во овој момент улогата на НАТО едноставно е да ја надгледува ситуацијата која е во близина на границата на Алијансата, истакна Ставридис.

Тој осврнувајќи се на Иран посочи дека НАТО апсолутно не е организација која се фокусира на евентуално ангажирање во таа земја.

Претходно, секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Петрушев изјави дека земјите-членки на НАТО и некои арапски држави ја користат лекцијата од Либија „и имаат намера сегашното мешање во внатрешните работи на Сирија да го претворат во директна воена интервенција“.

Рускиот амбасадор во НАТО во заминување, Дмитриј Рогозин на 13 јануари предупреди дека Русија ќе ја смета која било воена интервенција поврзана со иранската нуклеарна програма како опасност за сопствената безбедност.

- Иран е наш сосед. И ако против Иран биде покрената каква било воена акција, тоа е директна закана за нашата безбедност, истакна Рогозин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...