Објавен идентитетот на војникот осомничен за масакрот во Авганистан

Американскиот војник, кој е осомничен дека минатата седмица убил 16 авганистански цивили, меѓу кои имало жени и деца, се вика Роберт Бејлс (38) и е сместен во најпознатиот воен затвор во САД во Форт Левенворт во државата Канзас.

Воени извори, на кои се повикуваат американски медиуми, го откриле името на наредникот во американската војска, иако неговиот идентитет официјално ќе биде соопштен дури кога против него официјално ќе биде покренато обвинение.

Бејлс е татко на две деца од три и четири години и важи за воен ветеран, бидејќи престојот во Авганистан му бил четврти престој во воена зона. Претходните три мисии престојувал во Ирак.

Неговото семејство вели оти тој никогаш не покажувал знаци на бес или агресија, и оти не бил непријателски расположен кон муслиманите. Тие се во целосен шок, тој всушност имал благ карактер, вели неговиот адвокат Џон Хенри Браун.

Адвокатот додава дека тој бил ранет двапати во Ирак и оти тогаш му е отстрането дел од од стапалото, додека во вториот случај добил повреди на главата.

Тој вели дека Бејлс после третата тура во Ирак мислел дека повеќе нема да се враќа во воена зона, откако дошол дома во Сиетл.

- Мислел дека ќе работи во воениот отсек за регрутација. Прво му е кажано дека нема да се враќа назад, а подоцна дека сепак мора да оди за Авганистан, со што не бил воодушевен, додава неговиот адвокат.

Бејлс се вратил во Авганистан во декември, а на 1 февруари е префрлен во базата во близина на Кандахар, каде се и случил масакрот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...