Околу 1.000 Пакистанки се убиени поради валкање на честа

Исламабад, 22 март 2012 (МИА) - Најмалку 943 пакистански жени и девојки се убиени минатата година бидејќи ја извалкале честа на семејството, соопшти денеска Комисијата за човекови права на Пакистан.

Статистиката покажа пораст на насилството на кое се изложени многу жени во оваа конзервативна муслиманска земја каде често се третираат како граѓани од втор ред и каде не постои закон против семејното насилство.

И покрај напредокот во подобра заштита на човековите права, активистите на Комисијата сметаат дека Владата треба да направи повеќе и судски да ги гони убијците во случајите кои во голем број полицијата ги отфрла, а ги оценува како приватни, семејни работи.

- Најмалку 943 жени се убиени поради одбрана на семејната чест, а од тој број 93 лица биле малолетни, пишува во годишниот извештај на водечката агенција во Пакистан за заштита на човековите права.

Околу 595 жени убиени лани се обвинети дека имале „незаконски врски“, а 219 зошто се омажиле без согласност. 

Некои од жртвите се силувани одделно или групно, пред да бидат убиени, наведува Комисијата.

Повеќето од жените се убиени од браќата или брачниот партнер. Само 20 од 943 убиени жени добиле лекарска помош пред да починат, се наведува во извештајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...