Асад ќе употреби хемиско оружје

Лондон, 17 јули 2012 (МИА) - Поранешниот сириски амбасадор во Багдад, Наваф Фарес синоќа изјави дека претседателот на Сирија, Башар ал Асад „би можел да употреби и хемиско оружје“, доколку се најде во безизлезна ситуација.

Во интервју за Би-Би-Си, како што јави дописникот на МИА од Лондон, Фарес рече дека таквото оружје „веројатно и досега било употребено“, но ниту даде докази за ова обвинување, ниту посочи каде и кога тоа се случило.

Фарес донеодамна беше првиот амбасадор на Сирија во Ирак, по повеќегодишниот прекин на односите меѓу овие две соседни земји. Тој му ја откажа својата лојалност на актулениот сириски претседател и од пред десетина дена премина на страната на опозицијата, која настојува да го урне Асад од власта.

Во интервјуто Фарес уште тврди дека сите досегашни бомбашки напади на територијата на Сирија се „оркестрирани од режимот во Дамаск во соработка со Ал Каеда“.

Ова е првпат некој да го обвини Асад дека соработува со оваа терористичка мрежа, бидејќи досега тој постојано ги обвинува „терористите и Ал Каеда“ за насилството во Сирија.

Сирискиот дипломат во интервјуто повика и на странска воена интервенција за смена на Асад од власта.

- Тој нема сам и доборволно да се повлече, туку само со употреба на сила, изјави Фарес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...