Убиен сирискиот министер за одбрана

Дамаск, 18 јули 2012 (МИА) - Сирискиот министер за одбрана генерал Дауд Рахиџа загина денеска при самоубиствен напад врз зградата на силите за безбедност во Дамаск, јави сириската државна телевизија.

Претставници на безбедносните сили соопштија дека неколкумина други носители на високи функции се повредени во нападот, меѓу кои се и министерот за внатрешни работи Мохамед Ибрахим аш Шаар и шефот на разузнавањето Хишам Бехтијар, кои се превезени во болницата Ал Шами во главниот град.

Подоцна во болницата на здобиените повреди им подлегнал заменик-министер за внатрешни работи Асеф Шаукат, кој е шура на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Според извор од сириските сили за безбедност, извршителот на денешниот напад работел како телохранител во потесниот круг на претседателот Асад.
Според телевизијата на движењето Хезболах, „Ал Манар“, терористичкиот акт бил извршен од роднина на еден од функционерите, кој успеал да упадне во зградата.
Претставник на сириските сили за безбедност соопшти дека напаѓачот активирал појас со експлозиви што го носел на себе во салата во која се одржувала средбата меѓу министри и членови на службите за безбедност.
Сириската бунтовничка исламистичка групација Бригада на исламот во изјава на Фејсбук презеде одговорноста за нападот во Дамаск.

- Да ние го извршивме нападот, но немаше напаѓач-самоубиец. Нашите луѓе успеаја да постават рачно изработени експлозивни направи во зградата, во која се одржуваше средбата. Тоа го планиравме повеќе од еден месец, изјави портпаролот на групата, кој се претстави како Абу Амар.

Малку подоцна и Слободната сириска армија исто така презеде одговорноста за нападот. - Тоа е вулканот, за кој споменавме, ние само што почнавме, изјави портпаролот на Слободната сириска армија, Касим Саадедин.
Сирија соопшти дека ќе ги казни извршителите на бомбашкиот напад и ќе ја „отсече секоја рака, која и нанесува штета на националната безбедност“.

- Вооружените сили се решени да ги ликвидираат бандите убијци и криминалци и да ги бараат каде и да одат. Оној што смета дека со нападот на високи функционери може да и ги врзе рацете на Сирија, си прави илузии, се вели во изјавата на сириските воени власти, објавена од државната телевизија.

Денешниот напад ќе го разниша режимот на сирискиот претседател и може да доведе до нови случаи на дезертирање на високи функционери, но неминовно не означува пад на режимот, сметаат аналитичарите.
Според експертот Гала Риани од консултантската група „Контрол риск“ ова е најуспешниот директен напад досега и следните денови се од решавачко значење за развојот на ситуацијата во Сирија.

Според друг експерт, нападот во срцето на Дамаск е сигнал за ранливоста на сириската владејачка структура.
- Тој испраќа недвосмислена порака дека одделни министри не се заштитени и веројатно ќе ја зајакне ерозијата на темелите на режимот, изјави Антони Скинер, раководител на блискоисточната консултантска група „Мејполкрофт“. 

Сириската престолнина од неделата е зона на жестоки борби меѓу сириската армија и бунтовниците. Тоа се најтешките судири во Дамаск од почетокот на бунтот во март 2011 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...