Башар ел Асад е ранет и побегнал во Латакија

Анкара, 19 јули 2012 (МИА) - Сирискиот претседател Башар ел Асад е ранет при нападите на бунтовничките борци врз Дамаск и побегнал во приморскиот град Латакија, објави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на пост на Твитер на командантот на Сириската слободна армија, Ријад ал Асад.

Во својата објава на Твитер Ријад ал Асад тврди дека ваквата информација ја добил од луѓе од опкружувањето на сирискиот претседател.

Весникот „Гардијан“, пак објави дека Башар ел Асад бил ранет при вчерашниот напад врз седиштето на сириската служба за државна безбедност во Дамаск, при кој загинаа министерот за одбрана генерал Дауд Рахиџа и заменик-министер за внатрешни работи Асеф Шаукат.

Според весникот, по ранувањето, сирискиот претседател бил префрлен со авион во Латакија, додека неговата сопруга Асма заминала за Русија

Американската администрација од своја страна соопшти дека не располага со информации за тоа каде се наоѓа Асад по вчерашниот напад во Дамаск.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...