Сеуште нема одлука за давање азил на Асанж

Кито, 15 август 2012 (МИА) - Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа ги демантира вчера тврдењата на британскиот весник „Гардијан“ дека неговата земја се подготвува да му даде азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој околу два месеци се крие во еквадорската Амбасада во Лондон.

- Гласините за доделување азил на Асанж се невистинити. Се уште не е донесена никаква одлука за тоа прашање. Чекам извештај од Министерството за надворешни работи, напиша Кореа на неговата страница на Твитер. 

„Гардијан“ претходно вчера објави на својата Интернет страна дека Еквадор ќе му даде азил на Асанж. Весникот се повика на висок функционер на Еквадор.

Еквадорскиот претседател во понеделникот вечерта изјави за националната телевизија дека до крајот на неделата ќе одговори на барањето за азил на основачот на Викиликс. Кореа прецизираше дека планира денеска да разговара со еквадорските дипломати во Лондон за ова прашање, со цел да ја донесе најдобрата одлука. 

Асанж (41) е обвинет од шведското правосудство за силување и сексуален напад врз две жени во Шведска. На 19 јуни тој се скри во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде поднесе барање за азил, со цел да ја избегне екстрадицијата во Шведска. Тој стравува дека доколку биде екстрадиран во Шведска, ќе биде предаден на САД, каде му се заканува доживотен затвор поради објавување на американски тајни дипломатски документи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...