Борбата во Бенгази траела четири часа,

Деталите за смртта на амбасадорот Стивенс

Вашингтон 13 септември 2012 (МИА) - Американските власти вчера организираа телефонски брифинг со анонимни високи функционери, за да ги пренесат деталите од нападот врз конзулатот во либискиот град Бенгази извршен на годишнината од терористичките напади врз САД во 2001 година, а во кој беше убиен американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и уште тројца Американци, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Според информациите, нападот врз конзулатот почнал околу 10 часот вечерта по либиско време, кога во зградата биле амбасадорот Стивенс, Шон Смит од службата за надворешни работи и безбедносен офицер, чие име не се открива на јавноста.

Набргу група напаѓачи успеале да се пробијат во кругот на конзулатот и ја нападнале и запалиле и самата зграда на објектот.

Според информациите на Стејт департментот, амбасадорот Стивенс, Смит и безбедносниот офицер биле разделени во густиот чад, при што само третиот успеал да ја напушти зградата. Офицерот се вратил со засилување, со кое успеал да влезе во зградата и да го лоцира мртвото тело на Шон Смит, додека амбасадорот Стивенс бил исчезнат.

Во следните неколку часа, напаѓачите и групата американски и либиски вооружени лица воделе борба околу главната зграда на конзулатот, при што биле убиени уште двајца Американци, чии имиња не се објавуваат во јавноста додека за смртта не бидат информирани нивните семејства.

Дури четири часа по првичниот напад, конзулатот бил целосно ставен под американска контрола.

Американскиот Стејт департмент подвлекува дека се уште ги нема сите детали за начинот на смртта на амбасадорот Стивенс, за кого се знае дека  во текот на борбата од страна на либиски граѓани бил пренесен во болница во Бенгази, но во Вашингтон не пренесуваат дали притоа бил ранет или веќе бил мртов.

Според првичните информации, амбасадорот бил во возило, се обидувал да го напушти кругот на конзулатот, кога возилото било погодено од страна на напаѓачите. Но, во телефонскиот брифинг не биле дадени повеќе детали за загинувањето на амбасадорот Стивенс, чие тело им било предадено на американските власти на аеродромот во Бенгази, од страна на либиските власти.

-Обезбедувањето на амбасадата правело напори да го евакуира амбасадорот од објектот кога биле разделени од него во густиот чад и огнот. Ако ги видовте фотографиите од зградата јасно ви е колку биле лоши условите во неа. Обезбедувањето се вратило со повеќе помош да го бара амбасадорот. Направиле навистина херојски напор, изјавил еден од тројцата анонимни американски функционери кои учествувале во телефонскиот брифинг организиран вчера попладне во Вашингтон.

Вработените во конзулатот во Бенгази се евакуирани, а неколку Американци кои биле ранети во борбата се пренесени во воена база во Германија на лекување, каде ќе бидат пренесени и телата на загинатите.

Специјална единица на американските маринци е во либискиот главен град Триполи, да ја обезбедува тамошната американска амбасада која работи со минимален капацитет, додека сите американски дипломатски претставништва се повикани да вршат проценки на заканите по нивната безбедност.

Рано изутрината во египетскиот главен град Каиро почнале нови насилни демонстранции насочени кон американската амбасада, која исто така беше нападната во вторникот, на 11 септември.

Стејт департментот не сака да даде повеќе информации за напаѓачите, како и за тоа дали имало координација меѓу нападот во Бенгази и Каиро, освен да потврди дека напаѓачите во Бенгази извршиле комплексна операција.

Според информациите на американските власти, немало разузнавачки најави дека се подготвуваат напади на годишнината од нападите на 11 септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...