САД избираат нов претседател

Барак Обама или Мит Ромни

Ферфекс 6 ноември 2012 (МИА) - Малку повеќе од 200 милиони граѓани денеска имаат можност да го изберат идниот претседател на САД, на избори на кои се натпреваруваат актуелниот претседател Барак Обама од Демократската партија и кандидатот на Републиканската партија Мит Ромни.

Двајцата кандидати вчера ја имаа серијата последни митинзи.

Барак Обама кампањата ја заклучи во Дез Моинс, во сојузната држава Ајова, каде неговата победа над Хилари Клинтон во изборите за партиската номинација во 2008 година го насочи на патот кон конечната победа.

-Дојдов во Ајова за уште еднаш да го побарам вашиот глас. Ова е место каде што промените почнаа, токму тука. Изборите веќе не зависат од мене. Сега, се зависи од вас, им порача Обама на илјадниците граѓани собрани во Дез Моинс.

И Ромни кампањата ја заврши на местото каде што ја извојува првата победа на партиските избори – сојузната држава Њу Хемпшир. Неколку часа претходно, Ромни одржа голем митинг во салата на кампусот на универзитетот Џорџ Мејсон, во градот Ферфекс во Вирџинија. Републиканскиот кандидат од собраните околу 10.000 поддржувачи побара да гласаат за него, затоа што може да ја обнови економијата, која се соочува со рекордна невработеност. Ромни се повика на своето искуство, како исклучително успешен бизнисмен, велејќи дека истиот успех може да го повтори и како претседател.

-Затоа се кандидирам за претседател. Јас можам да го сменам курсот по кој оваа држава оди. Јас сум ги расчистувал долговите. Тоа е нешто што мора да знаете да го направите кога сте во бизнисот, инаку ќе банкротирате. Јас ги избришав долговите на Олимписките игри, и во мојата држава Масачусетс, истото знаење ќе го применам за да го балансирам нашиот сојузен буџет, и со тоа ќе отвориме работни места и ќе имаме повисоки плати, изјави Ромни.

На последните митинзи двајцата кандидати настапија заедно со сопругите. На митингот во Ферфекс, во непосредна близина на Вашингтон, Ен Ромни ги крена присутните на нозе кога ги праша ‘дали наскоро ќе станеме соседи’? Наспроти гласниот потврден одговор на ова прашање, победникот на изборите останува крајно неизвесен.

Двете страни одбиваат да признаат дека нивниот кандидат ги губи изборите.

Демократската партија се повикува на анкетите во клучните, поделени сојузни држави, кои се решавачки за изборите. Пред се, на изборите во Охајо, која на победникот му носи важни 18 делегатски гласови, Обама имаше постојана предност од неколку проценти во текот на скоро целата кампања.

Делегатските гласови на секоја држава се собираат во Изборниот колеџ со вкупно 538 гласови, каде делегатите гласаат за кандидатот кој победил во нивната сојузна држава.

Победник е кандидатот кој ќе освои најмалку 270 гласови. Во последните недели на кампањата, Ромни се обидува да го прошири фронтот против Обама, и да води активна кампања во држави во кои Обама води, но кои можат да му помогнат да ја анулира загубата на Охајо, како Минесота, Мичиген, и особено Пенсилванија, каде и Ромни и потпретседателскиот кандидат Пол Рајан утре, на самиот ден на изборите, ќе одржат средби со граѓаните.

Демократската партија обидот на Ромни да го прошири фронтот го толкува како очајнички потег, поради извесниот пораз во Охајо.

Републиканците инсистираат дека сакаат не само победа, туку и триумф на изборите, како и дека големата финансиска предност во финалето на кампањата им дозволува да закупуваат реклами и да организираат настапи во повеќе држави одеднаш.

Од Републиканската партија ги признаваат добрите резултатите на Обама на анкетите во Охајо, но велат дека во нивна полза се резултатите на раното гласање.

Досега околу 1,6 милиони граѓани веќе ја искористиле можноста да гласаат во Охајо, и републиканските анкети покажуваат висок одѕив во руралните околии кои им се приклонети на нив, а послаб одѕив во урбаните Кливленд и Синсинати, каде е базата на Обама.

Други важни поделени држави се Колорадо, Флорида, Вирџинија, Ајова, Њу Хемпшир и Висконсин.

Ромни очекува победа во првите три, а Обама во преостанатите три држави. Водечките личности во кампањата велат дека се сигурни во победа, но сепак, признаваат дека може да се случи и да загубат.

Ромни вели дека ‘шансите на Обама да победи се мали, но сепак може да се случи’. Обама ги повика граѓаните ‘не му се лутете на Ромни, гласајте – гласањето е најдобра одмазда’.

И додека Обама и Ромни се повоздржани, во двата табори има аналитичари кои предвидуваат не само победа на нивниот кандидат, туку и изборна катастрофа на противникот.

Најпознат ваков глас на демократската страна е статистичарот Нејт Силвер, познат по системот за прогнозирање на резултатите на бејзбол играчите според нивните статистички показатели. Силвер го приспособи својот бејзбол модел на претседателските избори, и постојано прогнозира дека шансите Обама да победи се над 70 проценти. Неговата последната проценка вчера вечер изнесуваше над 90 проценти.

Од републиканската страна е Дик Морис, поранешниот советник на претседателот Бил Клинтон, кој прогнозира победа на Ромни со освојување на безмалку сите држави кои се на границата меѓу двајцата кандидати. На прогнозите на Морис се приклучи и угледниот републикански коментатор Џорџ Вил, кој во 2008 година неочекувано најави дека ќе гласа за Обама. На овие избори, Вил прогнозира висока победа на Ромни, со над 320 гласови во Изборниот колеџ. Двајцата кандидати велат дека, независно од резултатот на изборите, повеќе нема да се кандидираат за претседател.

Ромни неуспешно се кандидираше на партиските избори во 2008 година. Републиканците тогаш го избраа сенаторот Џон Мекејн да биде нивен кандидат против Обама. Неговата сопруга изјави дека по поразот во 2008 година било многу тешко семејството да се реши за уште една кандидатура, и дека во случај на пораз на годинешниве избори, Мит Ромни апсолутно нема да учествува на уште едни избори.

Обама, пак, во своите соопштенија, постојано повторува дека ова е последната кампања на која учествува.

Влијателниот интернет сајт Политико вчера објави дека, според нивните разговори со блиски советници на Обама, претседателот до самиот крај на кампањата не делувал како да е заинтересиран за да победи на изборите.

-До последната недела на кампањата, кога оптимизмот се врати на големо, Обама ја спроведуваше изборната стратегија без волја и механички, на моменти ширејќи што-сака-нека-биде атмосфера кај неговата база, која го поддржува, но не е инспирирана, пишува Политико.

Освен претседателските избори, денес се гласа и за нов состав на Претставничкиот дом на Конгресот, како и една третина од составот на Сенатот. Анкетите даваат солидна предност на Републиканската партија во трката за Претставничкиот дом, каде републиканците веќе го имаат мнозинството, по успешните избори во 2010 година.

Трката за Сенатот е неизвесна. Неколку републикански кандидати се најдоа во неволја по изјави во кои го осудија абортусот. Тод Ејкин кој имаше висока предност над демократската противкандидатка во трката за сенатор од Мисури, ја загуби поддршката на целото раководство на својата Републиканска партија по изјава во која оцени дека постои разлика меѓу легитимно и нелегитимно силување. Ричард Мурдок, кој на партиските избори неочекувано го победи угледниот сенатор Ричард Лугар и стана кандидат на републиканците за сенатор од Индијана, исто така ја загуби предноста пред демократскиот кандидат Џо Донели, по слична изјава. Во Масачусетс се води неизвесна трка меѓу републиканскиот сенатор Скот Браун и демократскиот кандидат Елизабет Ворен, блиска соработничка на претседателот Барак Обама која се смета за водач на движењето Окупирај го Волстрит. Во сегашниот состав на Сенатот, демократите имаат предност со 51 наспроти 47 сенатори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...