Силен земјотрес ја погоди Гватемала

Гватемала, 8 ноември 2012 (МИА) - Најмалку 39 лица загинаа, а 155 се повредени во вчерашниот силен земјотрес што ја погоди Гватемала, соопштија локалните власти.

При потресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтер разурнати се 131 куќа, а прекин на електричната енергија имале 73.000 семејства.

Најпогоден реон е департментот Сан Маркос, кој се наоѓа на тихоокеанското крајбрежје на малата централноамериканска држава, на околу 250 километри западно од главниот град.

Според најновите податоци на Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на потресот се наоѓал на околу 24 километри југозападно од крајбрежниот град Чамперико, во близина на границата со Мексико, а жариштето било на длабочина од 41 километар.

Силниот земјотрес предизвикал паника и во соседните Салвадор и Мексико.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...