Шефот на ЦИА поднесе оставка поради љубовна афера

Директорот на американската разузнавачка агенција ЦИА Дејвид Петреус поднесе оставка поради вонбрачна љубовна врска.

- Неговиот заменик Мајкл Морел времено ќе ја извршува должноста шеф на ЦИА, изјави директорот на Националното разузнавање Џејмс Клапер.

Петреус писмено ја испратил оставката до претседателот на САД Барак Обама, кој вчера ја прифати.

- Со оставката на Петерус нашата земја ќе загуби еден од најпочитуваните државни службеници, истакна Клапер, без да ја потврди причината за ваквиот чин.

Во соопштение до вработените во ЦИА Петреус нагласил дека се повлекува бидејќи има вонбрачна љубовна врска.

- По 37 години брак започнав вонбрачна врска. Вакво однесување е неприфатливо и за сопруг и за раководител на организација како нашата, наведува Петреус во соопштението.

Љубовната врска, поради која Петреус поднесе оставка, била со Паула Бродвел, која е автор на биографска книга за генералот кој стана познат по командата над американските сили во Ирак. Федералното биро за истраги ФБИ вчера најави дека води истрага против Бродвел поради нејзините обиди да пристапи до доверливи информации за време на нејзината врска со генералот Петреус. ФБИ соопшти дека самиот генерал не е под истрага, а дека се уште е рано да се утврди дали против Бродвел ќе биде покренато кривично обвинение.

И Петреус и Бродвел се во брак, со по две деца. Генералот Петреус беше споменуван како можен претседателски кандидат на Републиканската партија, или како потпретседателски кандидат и кандидат за секретар за одбрана, во случај Републиканците да ја освојат Белата куќа.

Оставката на Петреус го шокираше Вашингтон. Таа доаѓа на само неколку дена пред предвиденото сведочење на генералот Петреус пред Комисијата на Сенатот за надзор над разузнавачките служби, на која главна тема треба да биде нападот врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија, во кој беа убиени амбасадорот Кристофер Стивенс, дипломат и двајца офицери од обезбедувањето на мисијата на ЦИА.

Тоа што оставката доаѓа непосредно пред очекуваното сведочење на Петреус предизвикува најмногу контроверзии. Предвидено е Морел да сведочи наместо Петреус, иако се очекува републиканските сенатори да бараат да се најде начин да се обезбеди сведочење и на Петреус, како раководител со ЦИА во време на нападот.

Повлекувањето на генералот Петреус доаѓа по смената на генералот Картер Хам од функцијата командант на африканската команда на Армијата на САД. Генералот Хам беше сменет од функцијата набргу откако изјави дека за време на нападот врз конзулатот во Бенгази, САД имале вооружени сили на располагање, но не била дадена наредба тие да бидат употребени. Контроверзиите за американската реакција на нападот во Бенгази беа поради првичното инсистирање на Белата куќа и на Стејт департментот дека се работи за протести испровоцирани од објавувањето на навредлив филм, за дури потоа да се признае дека конзулатот бил цел на планиран и организиран напад на терористи. Републиканските конгресмени бараа повеќе информации за однесувањето на Белата куќа, Стејт департментот, ЦИА и армијата на САД, при што беше утврдено дека САД имале беспилотни летала, но и тешко вооружен авион над Бенгази, како и специјални единици кои можеле да реагираат во конзулатот, но не била дадена наредба за нивна употреба.

Секретарот за одбрана Леон Панета изјави дека не биле достапни доволно информации за да се издаде наредба за акција. Офицерите за обезбедување во просториите на ЦИА, во Бенгази, во близина на конзулатот, биле првите што тргнале во помош на нападнатиот амбасадор и неговиот персонал, наводно спротивставувајќи се на наредба да не реагираат. Двајца од нив, Тајрон Вудс и Глен Доерти, беа убиени во борба со напаѓачите, кои по палењето на конзулатот го нападнале и објектот на ЦИА.

Оваа недела авторот на навредливиот филм „Невиноста на муслиманите“, американскиот Копт Накула Бисли Накула, беше осуден на една година затвор поради прекршување на правилата на условното пуштање на слобода за постаро кривично дело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...