Нема основа за депортирање на Сноуден во САД

Москва, 25 јуни 2013 (МИА) - Руските миграциони власти и безбедносни структури сметаат дека нема основа за депортирање на поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден во САД.

Има информации дека Сноуден се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“. Службата за безбедност на аеродромот изјави дека тој формално не ја преминал руската граница.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека САД ги повикале руските власти да ги разгледаат сите можности за депортирање на Сноуден во САД.

Според руските законски прописи за екстрадирање, руската миграциска служба треба да побара од Судот донесување одлука за протерување на странски државјанин од територијата на Русија поради кршење на миграциското законодавство.

- Бидејќи не е утврдено кршење на миграциското законодавство на Руската федерација од страна на Сноуден, кон него нема претензии, изјави анонимен извор од властите во Москва.   

Според друг извор од руските безбедносни органи, меѓу Русија и САД нема билатерален договор за екстрадирање на обвинети или осомничени, но  понекогаш се применува механизм за депортација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...