„Конфузијата“ со името на Сноуден помогнала тој да избега

Хонг Конг, 26 јуни 2013 (МИА) - Секретарот за правда на Хонг Конг, Римски Јуен изјави дека „конфузијата“ што настанала околу името на Едвард Сноуден, помогнала Американецот, кого САД го обвинуваат за шпионажа, да замине во Москва.

Според Јуен, конфузијата настанала кога хонгконшките власти ги примиле сите документи од американското Минстерство за правда со кои се бара апсење на Сноуден, при што во нив средното име на Американецот било запишано како „Џејмс“, додека кај хонгконшките власти тој бил заведен со средно име „Џозеф“.

Властите на кинеската територија, исто така, забележале дека во американските документи нема број на пасошот на Сноуден, па од Американците побарале дополнителна верификација за средното име, како и потврда за бројот на пасошот на американскиот бегалец.

- Бројот на пасошот за нас е клучната информација за идентитот, рече Јуен, објаснувајќи дека инсистирањето за точното средно име на човекот за кого постои потерница е важна работа за да подоцна не настанат правни проблеми.

Официјален Вашингтон грубо ги отфрли ваквите објаснувања на властите на Хонг Конг. Белата Куќа соопшти дека сите податоци биле навреме испратени, како и дека хонгконшките власти имале доволно време за да го фатат и да го уапсат Сноуден.

- Не ја купуваме приказната за наша техничка грешка, што сега ни ја нуди Хонг Конг, изјави Џеј Карни, портпарол на Белата Куќа. Според неговото толкување, станува збор за „намерна одлука“ на Хонг Конг да се дозволи бегството на Сноуден иако постоеше официјален налог за апсење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...