Сирија ќе го предаде хемиското оружје, напад од САД е непотребен

Женева, 12 септември 2013 (МИА) – Решавањето на проблемот со хемиското оружје на Сирија ќе го направи непотребен воениот удар врз таа држава, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Пред почетокот на средбата во Женева со американскиот државен секретар Џон Кери, Лавров изрази надеж дека САД ќе претпочитаат мирно решавање на конфликтот во Сирија.

Кери даде рок од 10 дена на режимот во Дамаск да го стави под меѓународна контрола хемискиот арсенал оружје. Тој отфрли барања на сириските власти за рок од 30 дена за таа операција. Тој предупреди дека зборовите од сириска страна не се доволни.

– Очекувањата за руската иницијатива за поставување на сирискиот хемиски арсенал под меѓународна контрола се високи, изјави Кери.

Лавров и Кери денеска во Женева почнуваат со разговори за рускиот предлог за поставување на сириското хемиско оружје под меѓународна контрола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...