Ќе ги исполниме условите од договорот за хемиското оружје

Вашингтон, 19 септември 2013 (МИА) - Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека ќе го почитува планот што предвидува уништување на хемиското оружје што го поседува Сирија, но предупреди дека за тоа ќе биде потребна околу една година.

Асад во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“ повтори дека неговите трупи не се одговорни за смртноносниот хемиски напад во околината на Дамаск на 21 август.

- Странските влади ги поддржуваат бунтовниците и така хемискиот гас сарин можел да дојде во нивни раце. Зошто ние би го користеле гасот кога армијата напредува во офанзивата, истакна сирискиот лидер.

- Вашингтон, за разлика од Москва, се обидува да се вмеша во тоа како ќе изгледа власта во Сирија. Послушај ги своите граѓани, следи го нивниот здрав разум, му порача Асад на американскиот претседател Барак Обама.

Според него, отстранувањето на хемиското оружје ќе чини околу милијарда долари и за тоа ќе биде потребна околу една година.

- Ако американската администрација е подготвена да ги плати тие пари и да ја преземе одговорноста за пренос на токсичните материјали, зошто не го преземе веднаш, праша Асад.

Сирискиот претседател повтори дека одлуката да се уништат залихите на хемиско оружје не е донесена поради заканата со напад од САД.

- Сирија не се повлекува пред заканите, туку одговори на руската иницијатива и поради нашите потреби и убедувања кои ги имаме. Ова засега е политика меѓу големите сили, додаде Асад, осврнувајќи се на разликите кои постојат меѓу Вашингтон и Москва околу резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Тој потврди дека Сирија поседува хемиско оружје и оти уште во 2003 година предложила на ОН сите земји од Блискиот Исток да се обврзат дека ќе го уништат и ќе создадат регион без хемиско оружје, но САД тоа тогаш го одбиле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...