Обама знаел за следењето на телефонот на Меркел

Претседателот на САД, Барак Обама, речиси од 2010 година бил информиран за следењето на телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел, соопштува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на германскиот весник „Билд ам зонтаг“.

Според информација на весникот, во 2010 година Обама лично бил информиран за тајната операција во однос на Меркел од директорот на Агенцијата за национална безбедност Кит Александер.

-Обама тогаш не само што не ја запрел акцијата, туку одобрил таа да продолжи, изјавил за овој германски весник добро информиран извор од американските специјални служби.

Освен тоа, стручњаците на агенцијата имале можност да ја читаат соддржината на СМС-те на Меркел и да ги прислушкуваат нејзините разговори.

Само статичниот телефон во нејзината канцеларија бил недостапен за агентите на Агенцијата за национална безбедност (НСА).

Нови откритија за прислушкувањето вчера соопшти и германскиот весник „Шпигел“. Весникот соопшти дека прислушкувањето на телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел било на списокот со задачи на американската Агенција за национална безбедност уште од 2002 година, потсетува ИТАР-ТАСС.

Когато се појавија првите информации за следењето на телефонот на Меркел, таа побара објаснување од Обама, кој ја уверувал дека ништо не знае за прашањето, напиша уште „Шпигел“. Тој и кажал дека доколку знаел за следењнето, ќе наредел да тоа да биде прекинато.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...