НСА го прекинала прислушувањето откако разбрал Обама

Њујорк, 28 октомври 2013 (МИА) - Американската Агенција за национална безбедност (НСА) го прекинала прислушувањето на мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел и на другите светски лидери откако Белата куќа разбрала за таквите програми, објави „Волстрит џурнал“.

Американски и британски медиуми летово објавија информации за тајните програми на НСА за следење, кои беа проследени од поранешниот разузнавач Едвард Сноуден. Потоа Белата куќа почна внатрешна истрага, која покажа дека биле прислушувани телефоните на околу 35 претседатели. Белата куќа потоа решила да го прекине прислушувањето на некои лидери, меѓу кои и Меркел.

„Волстрит џурнал“ наведува дека не знае за кои лидери било прекинато прислушувањето освен за Меркел.

Весникот тврди и дека претседателот на САД, Барак Обама не знаел за програмите за прислушување на телефоните на светските лидери поради тоа што НСА во исто време спроведувала голем број операции и не го известувала претседателот за секоја од нив.

- Конкретните одлуки се донесуваат на ниво на НСА, а претседателот не ги потпишува. Но, сега се преразгледува таквата пракса, наведува „Волстрит џурнал“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...