САД стравуваат за Украина по Олимписките игри во Сочи

Вашингтон, 24 февруари (МИА) - По завршувањето на зимските Олимписки игри во Сочи, американски политичари предупредуваат дека САД треба да се подготват за засилен руски притисок врз Украина, каде неколкудневните крвави протести доведоа до смена на претседателот Виктор Јанукович.

Според сенаторката Кели Ајот, за време на Игрите во Сочи Русија не сакала да се обиде да изврши отворен притисок врз Украина, но по нивното завршување, се е можно.

- Сега по завршувањето на Олимписките игри мораме да внимаваме на однесувањето на Русите. Претседателот мора да почне да дејствува на повисоко ниво и да испрати јасна, недвосмислена порака до Путин да не интервенира во тоа што се случува во Украина, да биде јасно дека Украинците нема да се соочат со мешање во нивните внатрешни работи. Го видовме однесувањето на Путин, од прифаќањето на Едвард Сноуден до мешањето во Сирија и вооружувањето на режимот на Асад и наводите за кршење на договорот за елиминирање на проектилите со среден дострел од страна на Русија. Јасно е дека политиката на ресетирање на односите со Русија не успеа, изјави сенаторката Кели Ајот, членка на Комисијата за надворешни работи на Сенатот.

Изјавата на Ајот доаѓа откако советничката за национална безбедност Сузан Рајс ја предупреди Русија да не се обидува да испрати вооружени сили во Украина во обид да го врати Јанукович, или некој друг политичар прифатлив за Русија, на власт.

- Тоа би била голема грешка, изјави Рајс.

По едночасовниот разговор на американскиот претседател Барак Обама со Путин по смената на Јанукович, и државниот секретар Џон Кери вчера имал телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров.

 Секретарот Кери изјави дека Владата на САД силно ги поддржуваат постапките на украинскиот Парламент да се именуваат вршители на должноста претседател и премиер, и да се побрза со стабилизирање на политичката и економската ситуација во земјата.

Секретарот Кери потенцира дека гласањето во Парламентот било со огромно мнозинство на избраниците на украинскиот народ, од сите партии, вклучително и од Партијата на регионите, и тоа нуди најдобар и најветувачки пат напред кон брзо воспоставување на мир и стабилност во Украина, како и да се одговори на големите финансиски потешкотии со кои Украина се соочува во следните недели и месеци, соопшти Стејт департментот по разговорот на Кери со Лавров.

Кери го повикал Лавров Русија да се приклучи кон напорите на Европската Унија и одделните членки на ЕУ „да и се помогне на Украина да сврти нова страница и да излезе од кризата посилна и обединета“.

На крајот од соопштението и се порачува на Русија дека САД очекуваат сите држави да го почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и слободата на избор на Украина.

Секретарот за финансии на САД Џек Лу вчера изјави дека е потребно Украина што е можно поскоро да почне разговори со Меѓународниот монетарен фонд за програма за помош. Лу имал разговорот со Арсениј Јаценјук, еден од водачите на украинската опозиција која го симна од власт Јанукович, и го информирал дека на средбата на министрите за финансии на групата Г-20 во Сиднеј имало голема поддршка за постигнување аранжман меѓу Украина и ММФ.

САД продолжуваат да работат и на организирање на новите украински власти. Сенаторот Дик Дурбин, кој рече дека долго време работел за ослободување на Јулија Тимошенко од затвор, изјави дека со неа разговарал за идните политички настани во земјата.

- Зборував со неа веднаш откако се обрати на плоштадот Мајдан. Звучеше изморено и изгледаше кревко на снимките, но ме увери дека сака мирна разврска на проблемите во Украина, да се следи уставот и законите. Обвинувањата на Јанукович дека имало државен удар немаат логика. Државен удар, доколку го имало, беше изгласан од страна на Парламентот, кој јасно стави на знаење дека работите не можат да продолжат вака, изјави Дурбин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...