Deutsche Welle

Малезискиот авион бил цел на терористички напад?

По мистериозното исчезнување на малезиски авион во Јужното Кинеско Море се пронајдени можни негови остатоци. Останува загатката што се случило со авионот, но се‘ повеќе има индиции за терористички напад.

Виетнамски авион денеска лоцираше во морето објект за кој се верува дека е дел од малезискиот авион, кој исчезна за време на летот од Куала Лумпур до Пекинг со 239 лица во него, соопштија официјални претставници на Цивилното воздухопловство на Виетнам. Според нив, премногу е мрачно за со сигурност да се тврди дека во прашање е дел од авионот, но дека во раните утрински часови ќе бидат ангажирани дополнителни летала за да се пребара дел од водите кај јужниот брег на Виетнам. Претходно, „Вол стрит журнал“ пренесе дека се верува дека се во прашање делови од вратата и опашката на авионот.

По мистериозното исчезнување на авионот, се множат индициите дека тој бил жртва на терористички напад. Малезија на викендот во истрагата ги вклучи американската ФБИ и неколку странски тајни служби. Сомнежот за можноста дека е извршен терористички напад го подгрева фактот што повеќе патници во авионот купиле карти со лажен идентитет. Освен тоа, авионот кратко пред своето исчезнување бил се‘ уште присутен и регистриран на радарите, времето било добро, а пилотите биле искусни. Малезиските власти на роднините на патниците им порачаа да бидат подготвени на најлошото. Тоа што и по еден ден не беа најдени остатоци од авионот, укажува на веројатноста тој да бил уништен уште во воздухот.



Тешки моменти за роднините на патниците

Има неколку случаи на патници кои на авионот се качиле со лажен идентитет. Во два од случаите се знае дека во авионот патувале мажи кои се претставиле како Италијанецот Луиџи Маралди и Австриецот Кристиан Козел. Властите во Рим и Виена потврдија дека овие две лица не биле во авионот, бидејќи претходно пријавиле дека нивните пасоши се украдени во Тајланд. Борци на Ал Каеда користеле слична тактика со украдени пасоши за да се обидат да го скријат идентитетот. Интерпол ги обвини малезиските власти дека не ги користеле податоците со кои располага оваа организација, во спротивно ќе знаеле дека некои од пасошите со кои биле купени карти за летот биле пријавени за украдени.

Авионот „Боинг 777-200ЕР“ на компанијата „Малејжа ерлајнс“ вчера исчезна од радарот со 239 патници и членови на екипажот за време на летот од Куала Лумпур кон Пекинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...