Дали малезискиот авион бил цел на терористички напад?

Куала Лумпур, 11 март 2014 (МИА) - Четврти ден по ред трае потрагата по исчезнатиот малезиски авион, а меѓу претставници на безбедносните служби во Европа, САД и Азија се зголемува скептицизмот дека леталото било мета на терористички напад.

Акцијата за пронаоѓање на авионот, во која се вклучени 40-тина бродови на морнарици од 10 земји, десетина воени авиони, хеликоптери, крајбрежна стража, приватни пловни објекти и 10 кинески сателити со висока резолуција, засега не успеа да му влезе во трага на „Боингот 777-200ER“ кој во саботата исчезна од радарот околу еден час по полетувањето на релација Куала Лумпур-Пекинг.

- Досега, со сите наши напори, има многу малку надеж за какви било  добри вести за авионот, изјави шефот на виетнамската екипа за потрага и спасување, Фам Кјуј Тјеу, со кого се согласуваат и разузнавачките служби кои наведуваат дека судбината на авионот на компанијата „Малезијан Ерлајнс“ и понатаму претставува мистерија.



Потрагата денеска е проширена на поголемо подрачје од Тајландскиот залив и Јужнокинеското Море, каде авионот ја загуби радио-врската и исчезна од екранот на радарот.

Двајцата мажи кои очевидно влегле во авионот со украдени пасоши и мажот кој ги купил картите, останаа единствен фокус на истрагата, објави американската телевизија Си-Ен-Ен.

Мажот кој со украден пасош влегол во авионот е млад Иранец, за кого се верува дека не бил поврзан со тероризам, соопшти денеска малезиската полиција.



Се верува дека 19-годишниот Иранец патувал во Германија, каде се надевал дека ќе добие азил, ја пренесува Би-Би-Си изјавата на полицијата.

- Тој веројатно не е член на терористичка група, изјави главниот инспектор на малезиската полиција Калид Абу Бакар, дополнувајќи дека е во контакт со неговата мајка, која се наоѓа во Германија и која го очекувала пристигнувањето на својот син во Франкфурт.

Тој е еден од двајцата мажи, кои со украдени пасоши влегоа во авионот. Експертите велат дека тоа претставува повреда на безбедноста, но и дека тоа е релативно вообичаено за регион, кој се смета за најзасегнато со проблемот со илегална миграција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...