Силувани 3.600 личности меѓу кои и деца од 2 години

Статистиката е алармантна! Во рок од четири години, службено се забележани над 3.600 силувања во Конго, повеќето жени, 1.000 деца и 81 маж! Годишната возраст на жртвите на силување почнува од 2 до 81 година.

- Според собраните информации, се верува дека половина од случаите на сексуално насилство ги покренале вооружените групи и државни агенти, изјави Нави Пилеј, комесар на ОН за човекови права.



Примарни места за силување биле селата, а жртвите биле силувани во своите домови, на полињата на кои работеле или на пат кон пазар. Повеќето случаи се забележани во источниот дел на земјата, каде што масовното силување се користело како средство на војната, да се казни цивилот за нивната наводна соработка со спротивните страни во конфликтот.

Сепак, кога жртвите се обраќале на правните институции, често наидувале на препреки. Државниот судски состав немал начин преку кој би покренал истрага за силувањето или за заштита на жртвите и сведоците, а апсењата и осудителните пресуди биле многу ретки.

- Апелирам до Владата да им биде приоритет борбата против неказнивоста на злосторствата на сексуално насилство, брзо да ги завршат истрагите и да почнат да ги гонат сторителите, вклучувајќи ги и оние кои имаат командна одговорност, изјави Нави.

Од 2011 година, воените судови во Конго осудиле 187 поединци за сексуални злочини, но оние што најчесто силувале, односно офицерите и командантите ретко не ги осудувале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...