Вашингтон, 10 април 2014 (МИА) - Платениот убиец Хосе Мануел Мартинес, обвинет за убиства на девет луѓе во централна Калифорнија, призна дека за неколку децении убил 40 лица, соопштија американските власти.
- Мартинес (51) пред истражувачите истакна дека убиствата ги извршил за еден нарко кртел, изјави окружниот обвинител во Лоренс, Алабама, Ерек Џет.
Мартинес е уапсен минатата година откако од Мексико дошол во Аризона и набрзо е испратен во Алабама, каде го чека судење за едно убиство.
Според властите на мета на Мартинес биле луѓе од неколку окрузи во периодот од 1980 до 2011 година. Жртвите биле на возраст од 22 до 56 години.