Патник од исчезнатиот авион испратил СМС:

Авионот е јужно од Малдивите!

Еден од патниците на исчезнатиот малезиски авион исконтактирал преку СМС, тврди независниот новинар Џим Стиум, пренесува „Интернешенл Бизнис Тајмс“.

Стоун тврди дека патникот успеал да го сокрие својот iPhone 5, преку кој пратил кратка порака и фотографија на која не се гледа многу. Сепак Стоун објаснува дека патникот се наоѓа на многу темно место. Наводно фотографијата е направена на 18-ти март.

Според GPS координатите, Вуд во моментот на праќањето на пораката се наоѓал на неколку милји од тајната американска воена база “Diego Garcia” сместена на островот јужно од Малдивите во Индискиот океан, тврди Стоун. Овие координати не може да се пронајдат никаде на интернет, и не може да се преземат од Гугл или Википедија, па според Стоун, докажуваат дека сликата е пратена од близина на базата.

Стоун ја изнел и содржината на пораката во која пишувало дека авионот е киднапиран, и дека Вуд е еден од заложниците. Напишал дека се чувствува дрогирано, дека успеал да го сокрие мобилниот телефон и дека бил одвоен од другите патници во посебна ќелија. Стоун вели дека изворот од кого ја добил оваа информација е константно изложен на смртни закани.

Дали оваа теорија ќе се покаже како точна или не, не се знае, но една работа е интересна: Една жена од Сараево која неодамна се огласила дека знае каде се наоѓа авионот, исто така споменала остров во близина на Малдивите.

“Малезискиот Боинг 777 се наоѓа на еден остров на Малдивите, кој не е населен, меѓутоа е геостратешки важен. Целосно е исправен и во секое време може да полета”, изјавила анонимната жена која веќе со години се занимава со проучување на необични појави и феномени низ светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...