ОН и Швајцарија ги прифатија палестинските барања

за потпишување на меѓународните конвенции

Њујорк/Женева, 11 април 2014 (МИА) - Обединетите нации ги прифатија барањата на Палестинците за придружување кон 13 меѓународни договори, а швајцарската Влада соопшти дека можат да ја потпишат и Женевската конвенција, со која се регилирани меѓународните правила за војување, кои ја покриваат и окупацијата.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун синоќа се согласил Палестинската автономна управа да ги потпише 13 меѓународни конвенции и за тоа ги информирал сите 193 земји-членки на Светската организација.

Швајцарското Министерство за надворешни работи, пак, денеска соопшти дека „пристапот на државата Палестина кон конвенциите е во сила од 2 април“.

Израел смета дека Женевската конвенција, која забранува населување на окупирани подрачја, не се однесува на палестинските територии на Западниот Брег и во Појасот Газа, бидејќи тие не се меѓунардоно прифатени како држава.

Палестинците овие барања ги поднесоа откако Израел одби да ја ослободи четвртата и последна група од 26 палестински затвореници, затоа што палестинската страна не се согласи со продолжување на мировните преговори по истекот на поставениот рок за постигнување спогодба, а тоа беше крајот на април.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас тогаш ги потпиша писмата со барање за потпишување на 15 меѓународни конвенции, од кои 13 во ОН, една во Женева и една во Холандија.

Палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур најави дека на 2 мај „Палестина официјално ќе стане потписник на 13 од 15 конвенции“ и дека е подготвена да поднесе барања за зачленување во повеќе агенции на Светската организација и да стане потписник на други конвенции и спогодби во зависност од израелските акции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...