Вашингтон, 14 април 2014 (МИА) - Жена беше уапсена во САД под сомнение дека си ги убила седумте деца, соопшти полицијата.
Триесет и деветгодишната Меган Хантсман, која живеела во државата Јута, каде живеела до пред три години, била приведена вчера. Таа ги родила децата меѓу 1996 и 2006 година.
Во саботата сопругот на Хантсман, со кого се разделени пријавил во полиција дека го пронашол мртво своето дете. Полицијата потоа открила уште шест трупа.