Армијата на Шри Ланка тврди дека спречила обид за обнова на „Тамилските Тигри“

Коломбо, 14 април 2014 (МИА) - Три вооружени лица се убиени во реонот на џунглата во Шри Ланка, во пресметката со армиските сили, соопшти претставник на армијата на оваа земја, тврдејќи дека станува збор за „терористи“.

Според армиски извори, станува збор за три лица по кои подолго време трагале безбедносните власти. Тие се обвинети дека се обидувале да го обноват дејствувањето на милитантната, паравоена организација „Тамилски Тигри“ која беше воено поразена во 2009 година.

Овој вооружен инцидент е првиот таков случај во последните пет години, откако владините трупи во својата широка офанзива против единиците на „Тигрите“ во североисточниот дел на островот, каде главно е сконцентрирано тамилското население, успеаја целосно да го ликвидираат тамилското вооружено крило.

Властите во Коломбо тврдат дека успеале да ги разбијат сите обиди за обнова на „Тамилските Тигри“ како и дека во таа операција се уапсени „повеќе десетици“ лица.

Претставници на разните хуманитарни организации и групи, во главниот град на Шри Ланка имаат резреви кон ваквото соопштение на воените власти, сомневајќи се во тврдењети за обиди за обнова на тамилското движење во земјата.

Тамилците неколку децении војуваа против властите во Коломбо, барајќи прво автономија за реонот околу градот Џафна, а подоцна и созадање на независна тамилска држава. Воено крило на тамилското сепаратистичко движење „Тамилски Тигри“ водеа воени операции против шриланканската армија и изведуваа бројни терористички напади и атентати против воените власти и политичарите во оваа земја, во која настрадаа десетици илјади луѓе.

Во атентат на бомбаш самоубиец, беше убиен и поранешниот индиски премиер Раџив Ганди, за време на неговата предизбпрна кампањња во индиската сојузна држава Тамил Наду, обвинет од Тамилците дека Индија ги помага властите во Шри Ланка.

Властите во Коломбо беа обвинувани дека во време на завршната операција против „Тигрит“е, во 2009 година, Армијата на Шри Ланка извршила воени злосторства бомбардирајќи ги цивилите-бегалци кои се повлекуваа кон крајниот североисток на земјата,бегајќи заедно со вооружените „Тамилски Тигри“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...