Јангун, 14 април 2014 ( МИА ) – Мјанмар, попознат како Бурма, во минатото важеше за еден од најголемите извозници на дрога во Азија, веднаш зад Авганистан.Според Агенцијата за борба против дрогата и криминалот на Обединетите нации производството на опиум во Мјанмар лани пораснало за 26 посто и достигнало 870 тони.
Локалните медиуми објавуваат изјави на високи полициски функционери од Мјанмар, според кои во таа држава драстично пораснал и увозот на сурови материјали кои се употребуваат за производство на хероин и метамфетамин.
Мјанмарските нарко дилери, според локалнатаполиција, од пред три години почнале масовна дистрибуција на дроги и на локалниот пазар. Се стравува дека бројот на зависници од дрога во Мјанмар расте со по десетици илјади лица, претежно млади луѓе, секој месец. Спротивставувањето на локалните дилери најчесто се завршува со претепување, но има и се поголем број заклани меѓу оние што се обидувале да ја попречат употребата на дроги кај локалното население.