Каиро, 15 април 2014 (МИА) - Поранешниот египетски министер за финансии Јусеф Бутрос Гали беше уапсен вчера во Франција согласно меѓународната потерница покрената против него под обвинение за корупција.
Јусеф Бутрос Гали, кој е внук на поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Бутрос Бутрос Гали е уапсен при пристигнувањето во Париз од Лондон.
По бунтот, со кој беше соборен од власт египетскиот претседател Хосни Мубарак во 2011 година, Јосеф Бутрос Гали ја напушти земјата и во отсуство беше осуден на 30 години затвор за корупција и за злоупотреба на власта.
Тој беше еден од групата влијателни економисти, блиски до синот на Мубарак, Гамал.