Виена, 15 април 2014 (МИА) – Од почетокот на судирите во Сирија повеќе од 100 луѓе од Австрија заминале да се борат во таа држава, а овие денови им се придружија и две малолетнички.
Тие од Австрија заминуваат на терористичка обука во кампови за „брза обука“ и потоа се борат на страната на исламистичките групации.
Околу 40 луѓе од Австрија од околу 100 кои заминале на „света војна“ во Сирија се уште се борат во таа држава, а 44 се вратиле во Австрија и се под постојано набљудување на разузнавачката служба. Според официјални податоци, 19 луѓе загинале во Сирија, јави Танјуг.