Абуџа, 15 април 2014 (МИА) - Повеќе од сто девојчиња се киднапирани од училиште во градот Шибок, во североисточната нигериска држава Борно, од исламистичката група Боко харам.
Според очевидци, киднаперите со камиони и мотори ги одвеле девојчињата.
Исламистичката група Боко харам, што значи „Западното образование е грев“, за време на востанието во 2009 година често ги напаѓаше училиштата.