Во Алжир се одржуваат претседателски избори

Алжир, 17 април 2014 (МИА) - Во Алжир денеска се одржуваат претседателски избори, а околу 23 милиони гласачи ќе треба да се определат меѓу шестмина кандидати, од кои најголеми шанси за победа му се даваат на актуелниот шеф на државата Абделазиз Бутефлика. 

Околу 50.000 гласачки места биле отворени во осум часот по локално време, а за безбедноста на изборниот процес во најголемата африканска држава се ангажирани над 260.000 полицајци.

Фаворит на овие избори е актуелниот претседател, 77-годишниот Бутефлика, кој дојде на власт во 1999 година и се наоѓа на чекор од четвртиот претседателски мандат. Негов главен против кандидат е поранешниот премиер Али Бенфилс (69), кој се надева дека би можел да го загрози соперникот, од кого драстично загуби на претседателските избори во 2004 година.

Единствената жена меѓу кандидатите е 60-годишната пратеничка Луиза Хануне, на која ова и е трета претседателска кандидатура.    

Останатите кандидати се лидерот на Алжирскиот национален фронт, Муса Туати, потоа борецот за човекови права Али Фавзи Рибен и лидерот на опозицискиот фронт Ел Мустакбел, Абделазиз Белет, кој првпат се кандидира за оваа функција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...