Подготвени сме за продолжување на мировните преговори

Рамала, 17 април 2014 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас изрази подготвеност мировните преговори со Израел да се продолжат за девет месеци, под услов да се фокусираат на клучни прашања, како конечен договор за границите меѓу двата народи.

Абас тоа го изјави на состанок со израелски пратеници од Лабуристичката партија на левиот центар во неговото седиште во Рамала, на Западниот брег.

Состанокот е одржан непосредно пред пристигнувањето на специјалниот претставник на САД Мартин Индик во регионот, во обид да се постигне договор за продолжување на преговорите.

Планираниот за синоќа состанокот на израелските и палестинските преговарачи беше откажан по убиството на еден Израелец во вооружен напад во близина на Хеброн на Западниот брег. Портпаролот на Абас изјави дека преговорите ќе продолжат денеска, на барање на САД.

Двете страни кажуваат дека сакаат преговорите да продолжат и бараат начин тоа да го направат. САД ја продолжуваат својата улога на посредник и ги поддржуваат двете страни додека се обидуваат да постигнат договор, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Мари Харф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...