Над 20 убиени при напад врз база на ОН во Јужен Судан

Џуба, 18 април 2014 (МИА) - Повеќе од 20 лица загинаа, а околу 70 други се ранети кога група вооружени мажи извршиле напад врз база на ОН во градот Бор во Јужен Судан.

Како што соопшти денеска претставник на ОН, напаѓачите се претставиле како демонстранти кои сакаат да одржат мирен протест, по што им било дозволено да влезат во базата. Откако влегле во базата, тие почнале да пукаат врз присутните, а употребиле и неколку рачни бомби.

Американскиот амбасадор во ОН, Саманта Пауер остро го осуди нападот оценувајќи го како „дрзок и нехуман“.

- Овој последен напад врз народот на Јужен Судан е и напад врз меѓународната заедница и претставува кршење на основните принципи за заштита на цивилите, нагласи Пауер, додфавајќи дека САД бараат откривање и санкционирање на сторителите на овој „страотен напад“.

Во базата на ОН во Бор се сместени околу 5.000 лица, кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради граѓанската војна во земјата, што избувна во декември минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...