Deutsche Welle

Американска приватна војска во Украина?

Ако е точно, тогаш конфликтниот потенцијал е огромен: наводно стотици војници на една американска приватна безбедносна компанија се борат на истокот на Украина. Вашинготн демантира, но бројни прашања остануваат отворени.

До заби вооружени, во маскирни униформи без ознаки. Герилци. Така обично во германските медиуми го започнуваат описот на војниците кои Москва наводно ги испратила да им помогнат на проруските сили на истокот на Украина. Меѓутоа, сега не станува збор за Руси. Станува збор за американска приватна војска која во Украина се бори на страна на владата во Киев.

Имено, добро информираниот таблоиден весник „Билд“ во неделата јави дека покрај украинските војници и полицајци се бори приватната војска Академи. Весникот се повикува на информации на германската тајна служба БНД, која наводно на крајот на април ја информирала владата во Берлин за присуство на приватната војска во Украина. Академи и Белата куќа ги демантираат овие наводите.

Што е тоа Академи?

Академи е- според стилот, но и правно- наследничка на озлогласените трупи Блеквотер. Оваа таинствена приватна војска имаше договор со Стејт департментот до 2009. година и беше ангажирана во Ирак. Блеквотер е обвинувана дека во своите редови прима луѓе со краток фитил кои не ги поминуваат соодветните психички тестови. На насловните страници стигнаа во 2007. година кога петмина борци на Блеквотер од обезбедувањето на американскиот дипломатски конвој убија најмалку 14 ирачки цивили среде Багдад. Американците до денес ги отфрлуваат обвинувањата и зборуваат за самоодбрана. Убиствата на Плоштадот Нисур во Багдад предизвикаа бес во Ирак и ставија црна дамка на името Блеквотер. Затоа ова име и се менуваше два пати- сега компанијата е под нова сопственост и се вика Академи.

Дека правно погледнато станува збор за иста фирма го докажува и усогласувањето во 2012. година. Тогаш, имено, Академи се согласи да плати речиси 50 милиони долари за да го избегне судскиот процес за криумчарење оружје уште од времето на Блеквотер. Обвинувањата беа бројни- илегално производство и испорака на пиштоли, автоматски пушки па дури и блиндирани хеликоптери и оклопни транспортери. Исто така, фирмата се товареше дека во Ирак неовластено обучувала странци како и дека ги кршела тамошните прописи за оружје. За среќа за Блеквотер, во Америка сите овие обвинувања се забораваат кога фирмата ќе ѝ уплати пари на државата. И онака, Блеквотер најмногу пари има заработено работејќи за државата, главно обезбедување на дипломати.

За волја на вистината имаше и други работодавачи. Неделникот Нејшн во 2007. година пишуваше дека услугите за обезбедување на територијата на САД изнесуваат над 33.000 долари неделно, а за тие пари се добива четворочлен тим на Белквотер. Договори за безбедност- а тука спаѓаат обезбедување, разузнување, обука и совети- со Блеквотер се склучувани ширум светот, меѓу другото и од производителот на генетско модифицираното семе Монстанто, енергетскиот гигант Шеврон, како и компанијата Волт Дизни, па сѐ до големите банки како Дојче банк и британскиот Барклис. Основачот на приватната војска Ерик Принс ја напушти фирмата, а сега под ново име ја води поранешниот американски генерал Крег Никсон, додека во надзорниот одбор седат влијателни луѓе како Џон Ешкрофт, министер за правда во текот на мандатот на Џорџ Буш Помладиот.

Војна преку посредници?

Доколку се потврдат извештаите за учеството на американската приватна војска, конфликтот во Украина би се нашол под сосема поинакво светло. Германскиот БНД засега не се изјаснува, додека одделни парламентарци ги отфрлаат ваквите наводи. „Тоа го оценувам како пропаганда“, вели за ДВ демохристијанот Карл-Георг Велман, кој е и претседател на германско-украинската парламентарна група. „Не можам ниту да замислам дека извештаите се точни, немам никаква информација која би одела во таа насока.“ Ни пратеникот на социјалдемократите Нилс Анен не знае повеќе: „Немам информации за тоа. Искуствата од војната во Ирак ни говорат дека такво нешто е можно“, вели Анен за ДВ. Тој додава дека присуството на приватни војници би значело само долевање масло на оган.

По обичај, остро реагираше опозициската Левица. „Некое независно тело треба во потполност да ги провери наводите“, вели Катја Кипинг, шефица на пратеничката група. „Би било апсолутно неприфатливо Американците во Европа да се однесуваат како Украина да е нивен мираз.“ Штефан Мајстер од Европскиот совет за меѓународни односи потсетува дека ЕУ и САД со недели ја обвинуваат Русија дека таа праќа војници на истокот на Украина: „Доколку на теренот се и американски приватни војници, тоа во потполност би ја закопало веродостојноста на западната политика и би направило од Украина место на кое САД и Русија меѓусебно војуваат преку посредници“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...