Над 450 деца спасени од дом каде биле сексуално злоупотребувани

Мексико Сити, 16 јули 2014 (МИА) - Мексиканската полиција интервенираше за да спаси повеќе од 450 деца, од еден детски дом во градот Замора, за кои се верува дека биле жртви на сексуално насилство.



Гуверенерот на мексиканската сојузна држава Мичоакан, Салвадор Хара и јавниот обвинител Хесус Муриљо на заедничка прес-конференција соопштија дека децата биле сексуално заведувани и обесчестувани, како и дека биле присилувани да питачат по улиците.

Сопственичката на домот, Роса дел Кармен Вердуско, како и осумина други лица вработени во домот, се уапсени и задржани во притвор.

Во „Куќата на големото семејство“, како што официјално се нарекува овој дом за деца, имало 278 момчиња и 174 девојчиња, меѓу кои шест на возраст од само три години.

Ова е досега најтешкиот инцидент со сексуално насилство врз деца и малолетници во Мексико.



Домот што локалното население популарно го нарекува „Домот на мама Роса“ постои повеќе од 40 години, па откритието на властите за состојбите што таму владееле предизвика шокираност во моексиканската јавност.

Полицијата интервенирала откако родителите на децата почнале да се жалат дека не им се дозволува пристап до нив, како и дека не може повеќе да ги гледаат. Меѓу мајките на децата има и такви кои и самите израснале во домот и таму родиле две деца.

Полицијата соопшти дека при интервенцијата спасила и 138 возрсани лица, на возраст до 40 години, за кои се тврди дека живееле во „ужасни услови“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...