Кери го критикуваше Израел не знаејќи дека го снимаат

Тел Авив, 21 јули 2014 (МИА) - Американскиот државен секретар Џон Кери го критикуваше Израел, не знаејќи дека микрофонот е вклучен.

Кери му зборува за убиените израелски војници во Газа на претставникот на Стејт департментот Џонатан Фајнер, пред да се појави во емисијата на „Фокс њуз сандеј“.

- Се надевам дека не мислат дека тоа е повик да одат и да направат повеќе. Подобро би било тоа да им е предупредување, при тоа фрустрирано додавајќи „Сто отсто тоа е прецизна операција“.

Кери обраќајќи му се на Фајнер наведува „мораме тоа таму да го надминеме. Џон мислам дека вечерва треба да одиме таму. Мислам дека е лудост само да седиме. Ајде“.

Кога водителот на емисијата Крис Валас го праша Кери за тоа што го зборуваше, државниот секретар изјави дека Израел има право на самоодбрана.

- Мислам дека е многу, многу тешко во такви ситуации, очигледно е многу тешко. Имате луѓе кои излегуваат од тунелите. Имате право да влезете и да ги уништите тие тунели. Во целост го поддржуваме тоа. И го поддржуваме правото на Израел да се брани против ракетите кои продолжуваат да доаѓаат. Хамас го почна тој процес на ракетирање, откако Израел се обиде да ги најде луѓето кои ги убија тројцата  млади луѓе, знаете - едно американско дете, три млади граѓани на Израел. Тоа е срамота, посочи Кери.

Тој наведе дека е тешко да се има таков вид операција. Реагирав како што секој реагира со почит кон малите деца и цивилите.

- Но, војната е тешка и тоа го кажав јавно и сега го повторив. Го браниме правото на Израел да го направи тоа што го прави за да стигне до тие тунели, рече Кери.

Тој апелираше до Хамас да биде разумен и да прифати примирје.

Кери денеска отпатува за Каиро, каде ќе разговара за кризата во Појасот Газа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...