„Малезија ерлајнс“ наместо над Украина лета над Сирија

Куала Лумпур, 21 јули 2014 (МИА) - Авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ го пренасочила летот на редовната линија меѓу Лондон и Куала Лумпур наместо над Украина, што беше вообичаена рута, над Сирија, покажуваат податоците од Интернет страницата „Флајтрадар 24“.

По наводното соборување на малезискиот патнички авион во четвртокот, авио-компаниите почнаа да го избегнуваат воздушниот простор во источна Украина, каде се водат борби меѓу украинската војска и проруските сепаратисти.

Во петокот, авионот МХ4 на линија Куала Лумпур - Лондон, летал над источна Турција, наведува „Флајтрадар24“.

Промената на рутата сведочи за проблемите со кои авиокомпаниите се соочуваат при пронаоѓањето безбедни коридори на пренатрупаните рути меѓу Азија и Европа. Американската федерална служба за авијација, чија регулатива е меѓу најстрогите во светот, во мај издаде силна препорака за американските оператори да не летаат од Сирија или преку нејзината територија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...