Седум светски жаришта:

Каде има нафта, има и војна!

Американското истражувачко списание Mother Jones објави интересна анализа за седум актуелни светски кризни жаришта, меѓу кои се Ирак, Сирија, Нигерија, Јужен Судан, Украина како и Источното и Јужнокинеското море. На сите е заедничка, ниту малку изненадувачки – нафтата!

Ирак, Сирија, Нигерија, Јужен Судан, Украина, Источното и Јужнокорејското море. Ако се гледа повнимателно, сите тие кризни жаришта делат неколку карактеристики, пеколна комбинација на етнички, религиски и националистички антагонизми, кои доведоа до вриење со фиксирање на енергетските прашања – констатира на почеток на својата анализа насловена 7 Places Where Fossil Fuels Are Fueling Conflict, т.е. 7 места на светот каде горивото долева бензин на огнот, новинарот Мајкл Клер инаку професор на колеџот Хемпшир, за списанието Mother Jones. Значи, каде што има нафта, има и војна.

Секако, треба да се занемари дека во сите тие судири улога играат и старите непријателства меѓу соседните, па и измешаните народи и религиски корпуси, па во Ирак и Сирија се судираат Сунити, Шиити, Курди, во Нигерија војуваат христијани, муслимани и разни племиња, во Јужен Судан Динке и Нуери, а во Источното и Јужнокинеското море Кинезите, Виетнамците, Филипинците и Јапонците.

Но, предупредува Mother Jones, би било премногу едноставно се да се фрли на грбот на вековната омраза, бидејќи секој од тие судири сведочи дека има борби и за контрола над природните ресурси, најмногу за нафтата и природниот гас. – Не се залажувајте, се работи за енергетски војни на 21 век.

Владите на Русија, Нигерија, Ирак, Сирија и Јужен Судан голем дел од своите буџетски приходи ги добиваат благодарение на продажба на енергенти, а моќните енергетски корпоравии имаат огромна моќ во тие и не само во тие делови на светот.

Значи, кој ги контролира изворите на нафта и природен гас, го контролира и собирањето и распределбата на финансиските ресурси, па наведените судири всушност се околу контролата на националниот приход, наспроти историската омраза.

Понатаму, живееме во свет насочен на енергијата, во кој контролата над истата подразбира и геополитичка моќ, а поради тоа и многу се поголеми шансите дека ќе има мешање од надвор во држави кои се богати со нафта и природен гас. Така и ИСИЛ, кој зазема големи делови од Сирија и Ирак, беше внимателен да го заземе и најважното, ирачката нафта, за да има средства за создавање на свој калифат.

Украинската криза овој пат експлодираше поради договорот со ЕУ за поблиски економски и политички врски, а иако Украина сама по себе не е значаен производител на енергенти, се работи за држава која е многу важна за транспорт на истите. Несогласувањата меѓу Украина и Русија за плаќањето на испорачаниот природен гас, веќе претходно два пати доведоа до затворање на славините, па дури и енергетска криза во ЕУ. Русија во енергетска смисла профитираше од анексијата на Крим, на кој веќе истражувања вршеа претставници на нафтениот џин Ексон Мобил, а се смета дека под Црно море имаат големи резерви на нафта и природен гас.

Во Јужен Судан и Нигерија, пак, заедничко е тоа што структурите на власта целосно се компромитирани кај народот со својата корупција од страна на нафтените корпорации, па така екстремните исламисти од групата Боко Харам, најпозната по масовни киднапирања на девојчиња, добиваат поддршка бидејќи се борат против криминалците од централната власт. Бидејќи многу Нигеријци преживуваат со 2 долари на ден, на исламистите не им е тешко да добијат поддршка за борба против корумпираната влада, која воопшто не го крие раскошот во кој живее.

Кога се работи пак за конфликтите во кинеското море, тука на прв поглед станува збор за борба за неколку острови, атоли или заливи. Но, судирот меѓу Кина и Виетнам всушност почна кога Кина ја испрати својата најголема нафтена платформа ХД-981 во морето кое Виетнам го смета за свое. Кина потоа нафтената платформа ја обиколи со бродови од својата воена морнарица и кризата почна.

На крајот на својата анализа професор Мајкл Клер заклучува: Можеби еден ден развојот на обновливи енергии ќе го поништи моменталниот аксиом, но во сегашниот свет, ако гледате дека некаде се развива конфликт, обрнете внимание на тоа дали во игра се енергентите.

Слободна Босна - Сараево



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...