Опозиционерите од Камбоџа, по една година бојкот, се враќаат во парламентот

Пном Пен 22 јули 2014 (МИА) – Најголемата камбоџанска опозициска партија, Нацоналната Партија на Спасот, по речиси едногодишен бојкот на Парламентот, денеска одлучи да го прекине бојкотот. По состанокот со премиерот Хун Сен, лидерот на опзиционерите Сам Рејнси изјави дека постигнал договор за измена на изборните закони.

Коментирајќи го договорот со опозицијата, премиерот Хун Сен рече дека тоа е успех кој ќе ја запре политичката криза во земјата.

На последните парламентарни избори во Камбоџа, партијата на Хун Сен освои 68, а опозиционите „спасители’’ 55 пратенички места. Опозицијата ги прогласи изборите за фалсификувани и побара нови, што би ги организирала техничка влада. Хун Сен категорички ги одбива овие барања, а го прифати барањето за измени во изборниот закон во кој, најверојатно, ќе се внесат одредби уставни судии и членови на централната изборна комисија да се бираат со двотретинско мнозинство во Парламентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...