Најмалку 23 жртви во самоубиствен напад во БагдадБагдад, 23 јули 2014 (МИА) – Најмалку 23 лица се убиени, а 52 повредени во самоубиствен напад на полициски контролен пункт во северниот дел на Багдад, соопшти полицијата.
Меѓу жртвите се и девет полицајци.
Нападот е извршен пред полициски контролен пункт во областа Каимија претежно населената со шиити.
Засега никој не презема одговорност за нападот.
|