Јоко Видодо нов претседател на Индонезија

Џакарта, 23 јули 2014 (МИА) – Централната изорна комисија на Индонезија синоќа соопшти дека за нов претседател на оваа 250 милионска држава е избран Јоко Видодо, кандидат на коалицијата предводена од Демократската Партија на Борбата.

Јоко „Јокови“ Видодо освоил 70 милиони и 997 илјади гласови, што е 53,15 посто од бројката на тие што гласале за нов претседател на изборите одржани на 9 јули.

Вториот кандидат Прабово Субианто, од коалицијата на партијата „Гериндра“  одби да ги признае резултатите и најави дека ќе бара интервенција на Уставниот суд поради, како што тој смета, низа неправилности и изборен фалсификат.

Централната изборна комисија на Индонезија ги објави истите резултати што ги пресметала Агенцијата за супервизија на изборите, така што идејата на Прабово да го добие претседателскиот мандат со одлука на Уставниот суд е невозможна мисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...