Боингот како повод за ескалација

на информативната војна

Користејќи нечесни методи на информативна војна, Западот се обидува да заработи политички поени на трагедијата на малезискиот авион.

Претседателот на Русија Владимир Путин ги повика сите конфронтирани страни во Украина да обезбедат услови за спроведување на целосна истрага за катастрофата на малезискиот Боинг на небото над Доњецката област. Претседателот на Русија по тој повод даде соодветна специјална изјава. Никој не треба и нема право да ја користи оваа трагедија за постигнување на тесни политички цели – потенцираше Путин. Меѓутоа, токму тоа и се случува. Катастрофата на Боингот 777 ја користи русофобното лоби во Европа и САД како повод за антируска хистерија и на крај на краиштата како вовед во почеток на нова студена војна.

На западната јавност се врши многу жесток информативен притисок. Меѓу другото, прво русофобите беа принудени да искажуваат воздржаност.

Зборува украинскиот политиколог, претседателот на Центарот за систематска анализа и прогнозирање на Ростислав Ишченко.

Сите овие обвиненија се насочени на тоа да ги лишат востаниците од меѓународна поддршка, на тоа да се отежни меѓународната позиција на Руската Федерација. Не би зборувал за нечија евтина популарност конкретно. Тука постојат интересите на САД, постојат интересите на украинското раководство. Единствено што би истакнал е во дадената ситуација сепак Западот, дури вклучувајќи ги и САД, се однесуваше многу воздржано. Поточно, тој не презема веднаш голо обвинение против Киев, кој ги обвини бунтовниците, уште во моментот кога авионот паѓаше. Поточно, кога се уште беше невозможно да се каже кој го урна и дали воопшто бил урнат. Во дадената ситуација Западот искажа необично голема воздржаност, затоа што иако САД направија индиректни испади на сметка на Руската Федерација, сепак не започна хистерична кампања какви постоеја претходно.

Раководството на Украина сега се наоѓа под голем стрес од можно откривање на вистината. Поддршката на убијците на цивили не остава политички шанси за репутација во меѓународните размери.

Но, без оглед на воената реторика, Западот ќе го принудува Киев да седне на преговарачка маса, смета доњецкиот политиколог, директор на Центарот за евроазиски истражувања Владимир Корнилов.

Гледаме дека Западот сака за се да ја обвинува Русија. Не осврнувајќи се на ништо, на никакви докази и сведочења. И ја обвинуваат и вршат притисок на Русија постојано. Целиот овој конфликт околу Украина, во принцип, е инициран за да се ослаби Руската Федерација. Украина, јасно е, не ја интересира Западот. И јасно е дека ако конфликтот е инициран поради тоа, Западот ќе се придржува токму на тие гледни точки. Но, обратете внимание дека осудувајќи ја Русија, проколнувајќи се на светот и руското раководство и доњецките бунтовници, Западот сеедно ги повикува сите страни во конфликтот да го прекинат ова крвопролевање. Значи, и на Киев ќе се врши притисок, секако, не со таков тон туку повеќе во кулоарите, за да се спречи ова бесмислено крвопролевање во Донбас.
Многу се надевам дека оваа трагедија која го направи дадениот конфликт меѓународен, сепак ќе го принуди Западот да ја повика Украина да ја спречи оваа бесмислена, т.н. антитерористичка казнена операција.

Според ставот на политикологот, трагедијата на малезискиот Боинг изведе конфликт надвор од рамките на националниот и го направи меѓународен. Тоа дава можност на Киев да го засили притисокот на западните спонзори, буквално завртувајќи им ги рацете. Така на прашањето на кого одговара катастрофата на украинското небо, може да се даде сосема јасен и еден одговор, без оглед на обидите да се искаже лукавост по ова прашање.

Гласот на Русија - Москва



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...