Абот побара повторна потрага по посмртните останки на жртвите од авионската несреќа во УкраинаСиднеј, 23 јули 2014 (МИА) - Според австралиските власти можно е на местото на несреќата на малезискиот авион се уште да има многу тела.
- Бројот на пронајдени тела е помал од бројот на луѓето во авионот - 298, кои се изложени на топлото време и на дивите животни, изјави австралискиот премиер Тони Абот.
Во авионската несреќа загинаа 28 Австралијци. Абот побара повторна потрага по посмртните останки на жртвите.
Во Холандија денеска треба да пристигнат два авиони со телата на жртвите.
Се уште не е познат бројот на телата кои се во вагоните во Украина. Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) вчера соопшти за околу 200 тела, додека холандскиот премиер Марк Рјуте изјави дека според непотврдени информации станува за 282 тела.
|