Израелските операции може да се толкуваат како воени злосторства

Женева, 23 јули 2014 (МИА) - Операциите на Израел во Појасот Газа при што се уриваат куќи и се убиваат деца, би можеле да се толкуваат како воени злосторства и злосторства против човештвото, изјави високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Нави Пилај.

Таа на почетокот од вонредната седница на Советот на ОН за човекови права ги осуди и ракетните напади на Хамас врз Израел.

Таа ги повика страните вклучени во вооружениот конфликт во Појасот Газа да прават разлика меѓу цивилите и учесниците во воени дејствија.

- Треба да се посвети внимание на заштита на правата на цивилите, вклучително и на децата. Непочитувањето на тие принципи може да се толкува како воени злосторства и злосторства против човештвото, посочи Пилај.

Таа наведе дека од осми јули, почетокот на израелската операција во Појасот Газа убиени се повеќе од 600 Палестинци, од кои 147 деца и 74 жени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...