ЕУ воведе санкции против 12 лица од сирискиот одбранбен и нафтен сектор

Брисел, 23 јули 2014 (МИА) - Европската унија наметна санкции против 12 лица и структури, поврзани со сирискиот одбранбен и нафтен сектор, пренесе ДПА.

Санкциите вклучуваат забрани за патувања и замрзнување на нивните сметки.

Досегашните ограничувачки мерки на ЕУ, што имаат за цел да го прекинат крвопролевањето во веќе тригодишната граѓанска војна во Сирија, имаа мал ефект, забележува ДПА.

Меѓу лицата кои ќе станат цел на новите санкции е полковникот Сухаил Хасан, кој според ЕУ е одговорен за репресии врз цивилното население, Амр Арманази, генерален директор на Сирискиот центар за научни истражувања, каде се претпоставува дека се извршувани тестови со хемиско и биолошко оружје и со ракетни технологии, како и бизнисменот Хашим Анвар ал Акад, сопственик на нафтени и гасни компании.

Меѓу деветте правни лица, врз кои ќе се наметнат ограничувања, се компанија за трговија со нафта, стационирана во Либан, и трговска компанија со седиште во Египет, кои според ЕУ ги организирале тајните испораки на нафта за сирискиот режим.

Цел на санкциите ќе бидат и рафинерии, како и две организациски целини на сириското Министерство за одбрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...