Њујорк, 24 јули 2014 (МИА) – За многумина животот во Њујорк е остварување на својот животен сон, но според најново истражување „Големото јаболко“ е најнесреќниот град во САД, пренесува ДПА.
Според истражувањето „Несреќни градови“, објавено минатата недела од Националната служба за економски истражувања, зад Њујорк се наоѓаат Питсбург, Луисвил, Мулвоки и Детроит.
Истражувањето е спроведено во 177 градови во САД. Анкетираните одговарале на прашањето „Генерално, колку сте задоволни од својот живот?“. Одговорите подоцна се рангирани врз основа на приходи, цени за домување, возраст, раса, образование и семејна состојба.
Најсреќен град е Лафајет, во американската сојузна држава Луизијана.