Повторно лошо изведена егзекуција во САД, следи истрага

Вашингтон, 24 јули 2014 (МИА) - Во САД дојде до нов случај на нехумано погубување, откако осуденикот Џозеф Вуд умирал повеќе од еден час по добивањето на смртоносната инјекција.

Погубувањето на Вуд (55), двоен убиец, извршено е во државата Аризона.

Адвокатите на Вуд побараа итен прекин на погубувањето откако осуденикот по вбризгувањето на смртоносната инјекција почнал тешко да дише и да се гуши.

Тие наведуваат дека егзекуцијата треба да трае најмногу десет минути, додека Вуд губел здив „повеќе од 600 пати пред да почине“.

Гувернерот на Аризона Џен Бруер нареди целосна истрага за егзекуцијата иако нагласи дека „Вуд починал на начин што е предвиден со законот“.

Неговите адвокати сметаат дека со погубувањето, кое траело подолго од еден час, е нарушено неговото право да биде погубен на начин кој исклучува сурова казна и мерка која не е вообичаена, како што е предвидено со американскиот Устав“.

Тие бараат од властите во Аризона да го именуваат производителот на лекови кои се употребени за егзекуција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...