Филипинската армија стои зад претседателот Акино

Манила, 24 јули 2014 (МИА) – Главниот командант на филипинската армија, генерал Грегорио Пио Катапанг, денеска изјави дека филипинската јавност треба да биде сигурна дека ниту еден офицер, ниту војник не  стојат зад гласините дека армијата со воен удар ќе го смени претседателот Бенињо Акино.

Шпекулациите за подготвеноста на армијата да ја преземе власта се појавија и во неколку филипински медиуми, по три барања за импичмент на претседателот Акино.

Опозицијата во понеделникот и вторникот побара да се започне со постапка за импичмент на сегашниот претседател поради оа што дозволил нза коруптивни махинации во спроведување на државната програма за интензивирање на јавната потрошувачка. Покрај тоа, опозицијата го обвини претседателот дека им ги смалил бонусите и субвенциите на околу 250.000 просветни работници, кои на Филипините се државни службеници. Тврдењето е демантирано и од претседателската палата и од синдикатот на просветните работници.

Последното барање за импичмент, објавено вчера, бара да се преиспита одлуката на претседателот Акино за потпишување нов договор за воена соработка со САД. Според противниците на Акино, претседателот на државата, потпишувајќи нов договор за воена соработка со САД го прекршил Уставот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...