Можна причина за падот на алжирскиот авион

Париз, 25 јули 2014 (МИА) - Истрагата утврди дека алжирскиот авион, со 110 патници и шест членови на екипажот се распаднал кога удрил во земјата. Тоа укажува дека е малку веројатно авионот да бил нападнат, соопштија француски претставници.

- Авионот е уништен во моментот на падот, изјави за РТЛ францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев. Несреќата најверојатно се случила поради лошите временски услови, рече тој, додавајќи оти во овој момент ниту една теорија не може да се исклучи.

Во исто време францускиот министер за сообраќај Фредерик Кувилије наведе дека силниот мирис на нафта од авионот на местото на несреќата и фактот дека остатоците од авионот се на релативно мало подрачје укажува оти причина за несреќата се лошите временски услови или техничките проблеми.

Претходно,  Елисејската палата соопшти дека авионот на „Ер Алжери“ кој вчера се урна е лоциран во реонот Госи во Северно Мали, во близина на границата со Буркина Фасо.

- Авионот е јасно идентификуван и покрај тоа што се распаднал. На местото на  несреќата се испратени француски војници кои се задолжени за безбедноста и за собирање на првични информации, се посочува во соопштението.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Во авионот имало лица од 16 држави, вклучително и 51 Французин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...